Ливерпул имаше шампионски танц на „Енфилд“, го декласира Тотенхем со 5-1 и со стил ја прослави новата титула, 20-та во историјата, а втора откако е Премиер лигата. Црвените се недостижни бодовно на четири кола пред крајот, а фановите слават заслужено.
Соланке во 12-тата минута донесе водство за Тотенхем, но Ливерпул брзо израмни преку Луис Дијаз, а Мекалистер и Гакпо се потрудија за целосен пресврт во првиот дел и водство од 3-1.
Мохамед Салах во 63-тата минута зголеми на 4-1, а шест минути подоцна и Удоги си постигна автогол.
