Ливерпул го победи Челзи со 2-1 во дербито на колото на „Енфилд Роуд“ и се врати на првата позиција на табелата во Премиер лигата, со бод предност пред Манчестер сити. Тимот на Арне Слот одигра поквалитетно и заслужено дојде до трите бода.
Мохамед Салах во 29-та минута реализираше пенал и донесе водство за Црвените.
На почетокот на второто полувреме, Николас Џексон успеа да погоди и го израмни резултатот.
Сепак, радоста на Челзи беше куса, затоа што само три минути подоцна Кертис Џонс постигна погодок, што на крајот се покажа дека е победнички за Ливерпул на ова дерби.