Ливерпул го пикирал Спалети за свој тренер за следната сезона

Иднината на Јирген Клоп како менаџер на Ливерпул е во сериозна опасност, се шпекулира дека по завршувањето на сезонава, Црвените и Германецот ќе ја прекинат соработката и со тоа би продолжило „проклетството на седмата сезона“ кое го демне Клоп целата кариера.

Клоп си замина од Мајнц по седум сезони и на клупата на Борусија Дортмунд остана седум сезони, а ова му е седма целосна сезона во Ливерпул, со кого има договор до 2026 година.

Од Италија има информации дека ако дојде до разделба на Клоп со Ливерпул, прв кандидат за негов наследник би бил Лучано Спалети, кој со Наполи сезонава речиси сигурно ќе ја освои титулата во италијанската Серија А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести