18.8 C
Skopje
среда, 1 октомври 2025

Ливерпул го плати 125 милиони евра, а тој за три месеца има чиста нула

Флоријан Вирц е фудбалерот кој летово стана еден од најскапите фудбалери во светот. Офанзивецот на Баер Леверкузен беше на цел на голем број клубови, но на крајот Ливерпул „победи“ и го доведе на „Енфилд роуд“ за 125 милиони евра. Тоа е петти најскап трансфер во историјата, пред него се Жоао Феликс, Александер Исак, Килијан Мбапе и Нејмар.

За Вирц се интересираа и Реал Мадрид, Манчестер сити и Баерн Минхен, но на крајот Ливерпул успеа да го добие. Во дресот на Баер Леверкузен, Вирц одигра 197 меча и постигна 57 голови, а имаше и 65 асистенции. За разлика од овие бројки кои ги имаше додека беше во Баер Леверкузен, Вирц сега делува изгубено во Ливерпул.

Веќе три месеци е во англискиот гигант, а Вирц во девет натпревари има очајни резултати. Напаѓачот уште нема постигнато ниту еден гол, а има само една асистенција, што секако е премалку за играч за кој се платени 125 милиони евра.

На осум меча Вирц беше стартер и во просек игра по 74 минути. Еднаш само влезе како резерва во последните 30 минути, но Германецот и понатаму е без никаков учинок.

Навивачите на Ливерпул веќе го нарекоа Вирц дека е Агент 007 кога имаше седум меча во кои немаше ниту гол, ниту асистенција, а сега кога осум меча се со „нула“ учинок, голгетерот по социјалните мрежи стана „Агент 008“.

- Оглас -

Најнови вести