Ливерпул го победи Сити и најави крај на доминацијата на Граѓаните во Премиер лигата (Видео)

Ливерпул со 2:0 го победи Манчестер сити во големото дерби од 13 коло на англиското првенство. Ливерпул доминираше во текот на целиот меч и сосема заслужено стигна до трите бода. Црвените од „Енфилд роуд“ сега имаат 35 бодови и се убедливи лидери на табелата во Премиер лигата, додека актуелниот шампион сити остана на 24 бодови и моментално е на петото место.

Коди Гакпо го најави триумфот на Ливерпул откако погоди за 1:0 во 12 минута. Голот

Првиот шут на Сити кон противничкиот гол и тоа непрецизен беше во 39 минута, што е најдолго чекаше за прв шут на граѓаните уште од април 2010 година кога на средбата против Арсенал прв пат шутираа во 58 минута.

Во второто полувреме ништо не се промени. Ливерпул продолжи да доминира на теренот и постигна втор погодок. Беше досуден пенал, а Мохамед Салах во 78 минута погоди од белата точка за 2:0 и стави крај на сите дилеми околу победникот.

 

- Оглас -

Најнови вести