Тијаго Алкантара ќе биде одличен дел од шампионскиот мозаик на Ливерпул откако 29-годишниот фудбалер веќе ги прифатил условите и понудата од првакот на Англија, па сега се чека само зелено светло од Баерн.
Играчот од средниот ред што ги мина сите младински категории на Барселона веќе 7 сезони настапува за Баерн, а соработката веќе е извесно дека ќе заврши ова лето.
Баварците сакаат да го задржат одличниот шпански репрезентативец роден во Италија, но и се свесни дека Алкантара сака да ја промени средината.
Се навестува дека цената што Ливерпул ќе ја плати за Алкантара е 35 милиони евра, што не е проблем за актуелниот англиски првак.
Алкантара има 37 настапи за Шпанија и постигна два гола за Црвената фурија.