Ливерпул го прекрши своето правило, Салах ќе добие вистинско богатство во следните две години

Ливерпул денеска ги израдува своите навивачи откако потврди дека го продолжил договорот со својот најдобар фудбалер Мохамед Салах. Договорот на Салах истекуваше за два месеца, но од денеска тој се обврза да остане на „Енфилд роуд“ до јуни 2027 година.

Салах во Ливерпул дојде во јуни 2017 година од италијанската Рома и според новиот договор, една цела деценија ќе биде верен на англискиот гигант. Како што пренесува англискиот „Дејли мејл“, новиот договор на Салах ќе му донесе неделна плата од 375.000 фунти, или околу 432.000 евра. Со давањето на толку голема плата, Ливерпул го прекрши своето правило за продолжување на договори за играчи кои се постари од 30 години. Салах во јуни ќе наполни 33 години.

Египетскиот репрезентативец сезонава игра блескаво. Во 45 меча во сите натпреварувања во дресот на Ливерпул има учинок од 32 гола и 22 асистенции. Вкупно во дресот на гигантот од „Енфилд роуд“ има одиграно 394 средби, во кои постигна 243 гола, а има и 111 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести