Лидерот во Премиер лигата и најверојатно нов шампион на Англија, Ливерпул, од следната сезона ќе го промени произведувачот на спортска опрема. Американската компанија, Најк, заминува во историјата, а новата опрема ќе биде од Адидас. Договорот е веќе потпишан за следните пет сезони, а „црвените“ ќе заработат по 70.9 милиони евра годишно.
„Сите во клубот се неверојатно возбудени што можат да му посакаат добредојде на Адидас назад во семејството на Ливерпул. Заедно уживавме во фантастичниот успех во минатото и ги направивме некои од најпознатите дресови на Ливерпул во историјата. Адидас и Ливерпул ја делат амбицијата за успех и возбудени сме што повторно ќе соработуваме.“ – се вели во дел од соопштението на Ливерпул.
„Црвените„ од Енфилд во два наврати веќе соработуваа со Адидас и тоа во периодите од 1985 до 1996 и од 2006 до 2012 година.