Ливерпул го пронајде наследникот на Трент Александер-Арнолд

Ливерпул го „пикираше“ Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен како потенцијален наследник на Трент Александер-Арнолд. Англискиот десен бек се очекува да замине како слободен агент во Реал Мадрид по истекот на договорот со Црвените, а тие на негово место би го донеле холандскиот репрезентативец.

Менаџерот Арне Слот веќе стапил во контакт со својот сонародник, а во наредните недели е планирана и директна средба. Интересно е што и Реал Мадрид го следи Фримпонг како алтернатива доколку Александер-Арнолд реши да остане на „Енфилд“.

Според „Дефенса сентрал“, посредници го информирале раководството на Кралевите дека Ливерпул е сè поблиску до договор со Фримпонг.

Фримпонг досега одигра 182 натпревари за Баер Леверкузен, со ефект од 29 гола и 40 асистенции. Дополнително, тој има одличен однос со неколкумина играчи од Ливерпул, како Вирџил ван Дајк, Рајан Гравенберх и Коди Гакпо, што би можело да ја олесни неговата адаптација.

- Оглас -

Најнови вести