Ливерпул го реши Арсенал и закажа финале против Челзи (Видео)

Ливерпул се пласираше во финалето на Лига купот на Англија, откако во реваншот против Арсенал, славеше со 2:0 на гости во Лондон. Првиот меч на „Енфилд роуд“ заврши без погодоци, а избраниците на Јирген Клоп покажаа сила на туѓ терен и славеа со 2:0.

Диого Жота е херојот на Ливерпул. Португалецот даде по еден гол во двете полувремиња. Првиот пат погоди во 19 минута кога гостите направија одлична акција, а Жота реализираше.

Сите дилеми околу патникот во финалето беа решени во 79 минута, кога повторно Жота ја затресе мрежата на Арсенал.

Ливерпул во финалето за трофејот ќе игра против Челзи.

- Оглас -

Најнови вести