Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во своите редови сака да го доведе напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ. Младиот 20-годишен Србин е откритие на сезоната во Германија и моментно е најдобар стрелец во Бундеслигата. На 15 меча во сите натпреварувања, Јовиќ досега има дадено 12 погодоци. Посебно впечатлив беше неговиот настап на дуелот против Фортуна Дизелдорф, кога постигна пет погодоци.
Јовиќ е во Ајнтрахт како позајмен играч од Бенфика и таму сигурно ќе остане до крајот на сезоната. Доколку Ливерпул сака да го купи, ќе мора да ја слушне цената која ја бара Бенфика. Пред почетокот на сезоната цената на Јовиќ беше 18 милиони евра, но сега сигурно таа е многу повисока.