Ливерпул го сака рекордерот на Реал, кој има откупна клаузула од 700 милиони евра!

Марко Асенсио има уште една година од договорот со Реал Мадрид, а според некои најави, можно е уште ова лето да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Ливерпул е еден од клубовите кои покажал интерес за играчот кој од 2014 година го носи дресот на Кралскиот клуб.

Актуелната откупна клаузула на договорот на Асенсио е неверојатно 700 милиони евра, но секако тоа нема да биде реалната сума која би се платила ако тој треба да си замине од Реал. Проценките се дека Ливерпул би платил околу 60 милиони евра за доведување на овој искусен играч од средниот ред.

Освен Ливерпул, за Асенсио интерес покажале и Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Јувентус и Милан. Асенсио има испишано рекорд во Реал Мадрид како прв фудбалер што успеал во Кралскиот дрес да даде гол на првите мечеви во сите пет натпреварувања на кои настапил, а тоа се Примера дивисион, Купот на Шпанија, Лигата на шампиони, Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на Европа.

- Оглас -

Најнови вести