Ливерпул и официјално доби големо засилување во нападот, а вечерва Црвените се пофалија со потпис на договор со Дарвин Нуњес.
Со мотото Дарвин-деј, Ливерпул објави дека е потпишан договор со засилувањето вредно 100 милиони евра.
https://twitter.com/LFC/status/1536769450720075776?s=20&t=45BFRURH3Mb8M6Fpj6UsYA
Нуњес имаше прекрасна сезона во Бенфика и постигна 34 гола и би требало да биде замена за Садио Мане, а Ливерпул навреме реагираше и го купи Уругваецот во ситуација кога Салах и Фирмино имаат само по уште една година од актуелните договори.