Ливерпул го собори клупскиот рекорд, Вирц станува најскапиот германски фудбалер во историјата

Германскиот новинар, Флоријан Плетенберг, објави полноќна бомба, во која тврди дека Ливерпул и Баер Леверкузен ги договориле сите детали за трансферот на Флоријан Вирц. Фудбалерот веќе бил на Островот и разговарал со Арне Слот, по што го одбил Баерн Минхен и се согласил на трансфер во Ливерпул.

Според Плетенбург, тоа ќе биде убедливо најголемиот трансфер во историјата на Ливерпул, а се шпекулира со сума од 150 милиони евра. Досегашниот најскап трансфер на „Енфилд роуд“ беше оној на Дарвин Нуњес, за кого „црвените“ платија 85 милиони евра.

Доколку ова биде потврдено, а се очекува тоа да се случи многу скоро, Флоријан Вирц ќе стане најскапиот германски фудбалер во историјата.

- Оглас -

Најнови вести