Ливерпул го спречи Сити да изедначи рекорд кој трае дури 130 години (Видео)

Манчестер сити и Ливерпул одиграа 1-1 во денешното дерби, по што Сити остана лидер на премиерлигашката табела, а Црвените се втори, а двата тима може да бидат симнати од тие позиции ако победат Арсенал и Тотенхем.

Откако Ерлинг Халанд во првото полувреме со својот 50-ти гол во Премиерлигата му донесе предност на актуелниот англиски првак, израмни Трент Александер-Арнолд во 80-та минута.

Така Сити остана без изедначување на рекордната англиска серија од 24 лигашки победи по ред на домашен терен, рекорд кој е во сопственост на Сандерленд, поставен уште во 19-тиот век (од 1890 до 1892 година).

Ливерпул има добиено само едно од последните 15 гостувања кај Сити, но ремито му помогна на Јирген Клоп да остане подобар во меѓусебните дуели со Пеп Гвардиола. Клоп има 11, Гвардиола 10 победи.

https://twitter.com/i/status/1728415927283363879

- Оглас -

Најнови вести