Екипите на Ливерпул и Арсенал ремизираа, 1-1, на големо задоволство на Манчестер сити. Двете првопласирани екипи загубија по еден бод на овој натпревар, а тоа значи дека “граѓаните“ доколку победат на заостанатиот натпревар против Брентфорд ќе дојдат на само три поени од лидерот Арсенал.
Ремито на Енфилд направи вистински хаос на врвот од Премиер лигата, па Арсенал со 40 поени сега има само бод повеќе од Ливерпул и Астон вила, Тотенхем е четврти со 36 бодови, додека актуелниот шампион Манчестер сити е петти со 34 поени и меч помалку.
Што се однесува до мечот на „Енфилд роуд“, конечниот резултат беше поставен после само половина час игра. Арсенал поведе преку Габриел, кој со глава прецизно стрелаше после нафрлената топка на Одегард.
Ливерпул израмни во 29-тата минута со прекрасниот погодок на Мохамед Салах, кој од десно неодбранливо шутираше во мрежата на Арсенал.