Ливерпул и Баер Леверкузен како да се „збратимија“, трет трансфер меѓу овие два тима

Германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен го промовираше Жарел Куанса во нивни нов играч. Централниот дефанзивец кој има 22 години, дојде меѓу Фармацевтите од тимот на Ливерпул и тоа за трансфер од 30 милиони евра, плус дополнителни пет милиони евра.

Ливерпул ќе може во иднина да го откупи договорот на Куанса, но за тоа ќе треба да плати 60 милиони евра. Оваа клаузула ќе биде активна до јуни 2027 година. Договорот на Куанса со Баер е до јуни 2030 година.

Ова е трет трансфер помеѓу Баер Леверкузен и Ливерпул ова лето. Претходно, ѕвездите на Леверкузен, Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг, потпишаа со англискиот првак, а сега и еден фудбалер на Ливерпул заминува во редовите на екипата од Леверкузен.

Куанса во Ливерпул одигра вкупно 58 меча во кои постигна три гола и имаше три асистенции. Тој играше и за репрезентацијата на Англија до 21 година, која стигна до златото на неодамна завршеното Европско пренство.

 

- Оглас -

Најнови вести