Ливерпул и Баер Леверкузен постигнаа договор за Вирц, Црвените ќе платат 137,5 милиони евра

Го имаме најскапиот фудбалски трансфер ова лето, Ливерпул и Баер Леверкузен постигнале договор вреден вкупно 136 милиони евра, од кои 116 фиксни за премин на германската ѕвезда Флоријан Вирц од Баер во Ливерпул.

Ако се исполнат условите и за бонусите, тогаш ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата. Инаку според фиксната цена, рекорд остануваат оние 107 милиони фунти кои ги плати Челзи за Енцо Фернандес.

Вирц дебитираше за Леверкузен како 17-годишен. За тој клуб одигра 197 меча и постигна 57 голови. Минатата сезона имаше 16 гола и 15 асистенции на 45 натпревари во сите натпреварувања. За националниот тим на Германија дебитираше во 2021 и голгетерскиот учинок му е 7 погодоци на 31 настапи.

 

- Оглас -

Најнови вести