6002 Жирона – Ливерпул (18.45 часот)
Ливерпул е единствен тим во Лигата на шампионите со пет победи во првите пет кола од лигашката фаза, а ако победи и вечерва во Шпанија, може да смета на место во топ 8 и директен пласман во осминафиналето. Жирона викендов беше надиграна и поразена од Реал Мадрид, истиот рецепт ќе треба да го применат и Црвените. Ливерпул има примено само еден гол, а Жирона која има само три бода, даде скромни четири гола, што во просек е помалку од еден по натпревар. Кај гостите ќе ги нема суспендираниот Мекалистер и повредениот Конате, Жирона е без Циганков.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.35)
6005 Аталанта – Реал Мадрид (21.00 часот)
Лидерот на табелата во италијанската Серија А гази на домашна сцена, игра одлично, а против себе го има најтрофејниот во Европа. Реал летоска ја победи Аталанта со 2-0 во Суперкупот, а Кралскиот клуб славеше и на последното гостување во Бергамо, со 1-0, тогаш со гол на Менди, кој вечерва нема да игра. Добра вест за Реал е враќањето на Винисиус и Родриго. Реал има само две победи и загрозено му е местото во плејофот, додека Божицата нема пораз и прими само еден гол во петте кола во ЛШ досега.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.86)
6007 Б. Леверкузен – Интер (21.00 часот)
Интер уште нема примено гол во ЛШ, единствен е во таа статистичка категорија, а Леверкузен на петте меча даде 11 гола. Интер не знае за пораз уште од септември, кога беше поразен во градското дерби со Милан. Баер дома не загубил од август, па тука некако нерешениот исход делува како најреален. Леверкузен не е во ланската форма, но опасни се и може да му направат проблеми на италијанскиот првак.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.24)
6008 Лајпциг – Астон вила (21.00 часот)
За Лајпциг ова е последна шанса да се обиде да фати приклучок кон првите 24 на табелата и да се избори за бараж за влез во осминафиналето. Германскиот тим нема ниту еден бод, но има и доста тешки мечеви, како што ќе биде и вечерашниот. Астон вила победи во првите три кола, а сега има и реми и пораз. Тие се тим само со еден примен гол. Лајпциг има проблеми со повредени играчи, во аут се Чави Симонс, Елмас, Поулсен, Раум, а Лукеба е суспендиран. Летоска овие екипи играа пријателски меч во кој Германците победија со 2-0. Вила речиси два месеца не знае за победа на гости.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)
6009 Шахтар – Баерн (21.00 часот)
Баерн е официјален гостин против украинскиот Шахтар, но овој меч ќе се игра во Германија, во Гелзенкирхен, па Баварците ќе се чувствуваат како дома. Шахтар има скромни 4 бода, а има 9 бода и 12 постигнати гола во петте меч,а од кои дури 9 во првото коло. Долга е листата на повредени кај Баерн, таму се Кејн, Коман, Дејвис, Гнабри, Нојер, Паљиња, Станишиќ, па тренерот Компани ќе има проблем околу составување на екипата, која мора да победи ако сака место во топ 8.
Предлог тип: 2-2 & 2+ пол. (2.55)