23.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Ливерпул и без Салах и Мане води против Бенфика, Сити го игра 100-тиот меч во ЛШ

Ливерпул поведе со 1-0 против Бенфика и најверојатно ги реши сите дилеми околу тоа кој ќе биде противник на Вилјареал во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Стрелец на голот беше Конате, кој го постигна својот втор гол во ЛШ, а дебитантскиот го даде на првиот меч во Лисабон. Црвените имаат дури седум измени во составот во однос на претходниот меч, ѕвездите Салах и Мане се на клупа, но Бенфика е немоќна.

Во Мадрид уште нема голови, тоа му одговара на Манчестер сити, кој го игра 100-тиот меч во елитното натпреварување. Сити на првите 99 меча имаше 55 победи, само Реал Мадрид (57) имал повеќе успеси по 100 одиграни мечеви во Лигата на шампионите или Купот на европските шампиони.

- Оглас -

Најнови вести