Ливерпул и Челзи се пласираа меѓу осумте најдобри во Лига купот

Фаворитите Ливерпул и Челзи обезбедија пласман во четвртфиналето на англискиот Лига куп откако вечерва славеа против Борнмут, односно Блекбурн.

Менаџерот на Црвените, Јирген Клоп, одлучи да настапи со комбиниран тим, но и покрај тоа, неговите фудбалери славеа со 2:1 на Борнмут. Резултатот го отвори Коди Гакпо во 31-вата минута и тоа беше резултат од првото полувреме.

Домаќинот во 64-тата минута дојде до израмнување благодарение на голот на Клајверт, но радоста на домашните навивачи траеше само шест минути бидејќи Дарвин Нуњес погоди за 2:1.

Сигурен настап пред своите гледачи имаа Сините, кои со 2:0 го совладаа Блекбурн. Челзи, кој има доста променливо сезонава, вечерва ја потврди фаворитската улога и со голот на Бадијашил во 30-тата и на Серлинг во 59-тата минута славеше со 2:0 над поранешниот англиски шампион.
Предноста на домашниот терен ја искористи Евертон и го победи Барнли со 3:0.
Меѓу осумте најдобри во Лига купот се пласира и Фулам, кој со 3:1 го победи Ипсвич.

- Оглас -

Најнови вести