Ливерпул и Фенер ќе победат, голови ќе има во Лисабон и Милано, а неизвесност во Ријад (Фото)

2830 – Фенербахче – Коњаспор (18:00)

Екипата на Фенербахче како голем фаворит влегува во дуелот против Коњаспор. Лидерот на табелата во турската Супер лига има само еден пораз во досегашните 18 натпревари, две нерешени и дури 15 победи. Нема сомнеж дека Фенер и денес ќе победи, а прашањето околу победникот ќе биде решен уште во првото полувреме.

Предлог тип: 1 & 1>2 (3.30)

 

2880 – Бенфика – Брага (21:45)

Во дербито на осминафиналето од Купот на Португалија се среќаваат екипите на Бенфика и Брага. Двете екипи негуваат офанзивен фудбал, а Бенфика на четири од последните пет дуели одигра со најмалку три погодоци. Од другата страна, Брага на последните три меча играше „гол-гол“, што е доволно за интересен и ефикасен фудбал вечерва.

Предлог тип: ГГ и 3+ (2.01)

 

3718 – Милан – Аталанта (21:00)

Ефикасно и со голови се очекува да биде и на дуелот од Купот на Италија помеѓу Милан и Аталанта. Четири од последните натпревари на кои настапила екипата на Милан завршиле со најмалку три голови, а така беше и на последниот натпревар помеѓу овие две екипи одигран пред само еден месец во Бергамо, кога Аталанта победи со 3-2.

Предлог тип: 3+ (1.90)

 

1326 – Реал М. – Атлетико М. (20:00)

Мадридското дерби помеѓу Реал и Атлетико вечерва се игра во Ријад, Саудиска Арабија, како дел од полуфиналето на шпанскиот Супер куп. Натпреварите помеѓу овие две екипи секогаш се неизвесни и тврди, а вечерва победникот ќе се решава во второто полувреме или евентуално после завршувањето на регуларните 90 минути. Два од последните три натпревари на овие две екипи завршија со идентични 1-1.

Предлог тип: Х-Х / Х-1 (2.75)

 

1101 – Ливерпул – Фулам (21:00)

Екипата на Ливерпул вечерва има шанса да обезбеди пласман во финалето на англискиот ЕФЛ куп, а за тоа ќе им биде потребна победа над Фулам. Последниот натпревар помеѓу овие две екипи кој се одигра пред само еден месец во рамки на Премиер лигата, заврши со победа на „црвените“ од 4-3. Серијата на Ливерпул во сите домашни натпреварувања е 16 меча без пораз.

Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести