Ливерпул и Манчестер сити ќе приредат спектакл, Реал Мадрид лесно ќе го победи Хетафе (Фото)

1102 Ливерпул – Манчестер сити (17:00)

Последните четири межусебни дуели на Ливерпул и Манчестер сити завршуваа „гол-гол“, а такво нешто се очекува и попладнево на „Енфилд роуд“. Ливерпул во големото дерби против Сити влегува како лидер на премиерлигашката табела, додека актуелниот шампион на Англија има заостанување од осум бода и едноставно нема што да брани. Пеп Гвардиола ќе мора да нападне со сите сили и со евентуална победа да ја намали предноста на „црвените“.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.77)

 

1307 Реал Мадрид – Хетафе (16:15)

Барселона три натпревари по ред не може да победи во Ла Лига, а Реал Мадрид сигурно дека нема да ја пропушти шансата да го победи Хетафе на домашен терен и да се доближи на само бод од најголемито ривал, но ќе има и меч помалку, оној одложениот со Валенсија. Реал Мадрид има пет победи по ред против Хетафе, а последен пат загубиле од денешниот противник во 2012-тата година.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (3.10)

 

3008 Фиорентина – Интер (18:00)

Фиорентина и Интер имаат ист број на бодови на табелата во Серија А, а и двете важат за екипи кои се помеѓу најефикасните во Италија. На натпреварите на „виолетовите“ од Фиренца оваа сезона се постигнати 37 гола на 13 меча или во просек речиси по три, додека кај Интер имало уште повеќе голови, дури 45 на 13 натпревари. Ситуацијата на табелата во Серија А е во најмала рака замрсена, па Фиорентина и Интер со сигурност ќе понудат интересен и ефикасен фудбал.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.03)

 

1809 Хајденхајм – Ајнтрахт Франкфурт (17:30)

Баерн Минхен одигра 1-1 против Борусија Дортмунд, а тоа е шансата на најголемото изненадување во Бундес лигата оваа сезона, Ајнтрахт Франкфурт да ја намали предност и да дојде на само три бода од „баварците“. Екипата од Франкфурт за противник го има 16-то пласираниот состав на Хајденхајм и како фаворит влегува во мечот. Хајденхајм има три порази по ред, додека Ајнтрахт буквално гази и има шест победи по ред, а нема пораз на последните осум меча.

Предлог тип: Х2 & Т22+ (1.93)

 

1957 Галатасарај – Ејупспор (17:00)

Најдобриот напад, но и лидерот во турското првенство, Галатасарај, на домашен терен го пречекува едно од изненадувањата оваа сезона, Ејупспор, екипа која се наоѓа на високото четврто место на табелата. Сепак, домашните се фаворити и од нив се очекува без поголеми проблеми да го совладаат противникот и да ја наполнат неговата мрежа со најмалку три гола. На последните меѓусебен дуел на овие две екипи, Галатасарај победи со 4-2.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (1.81)

- Оглас -

Најнови вести