Ливерпул и Реал Мадрид се фаворити, Јунајтед ќе победи и со „резерви“, а возбудувања ќе има во Италија (Фото)

1102 Лестер – Ливерпул (17:30)

Фудбалерите на Ливерпул можат уште денес и официјално да ја освојат титулата во Премиер лигата, но за тоа освен победа над Лестер, ќе им биде потребно и пораз на Арсенал од Ипсич. Сепак, доколку тоа не се случи викендов, речиси со сигурност ќе се случи наредното коло, бидејќи „црвените“ имаат 13 бода предност на шест кола до крајот на англиското првенство. На спротивната страна, Лестер заостанува 17 бода од сигурната зона и уште попладнево може да испадне од Премиер лигата. Во Меѓусебните дуели Ливерпул има седум победи по ред, а Лестер последен пат останал непоразен во 2021 година, кога нивниот меч од Лига купот завршил 3-3, а „црвените“ минале понатаму на пенали.

Предлог тип: 2-2 & 3+ (2.04)

 

1009 Манчестер јунајтед – Вулверхемптон (15:00)

Манчестер јунајтед на крилјата на фантастичниот пресврт против Лион и пласманот во полуфиналето од Лигата на Европа ќе се обидат да дојдат до победа над Вулверхемптон. Иако Рубен Аморим најави дека во првенството ќе игра со „деца“, сепак „црвените ѓаволи“ нема да си играат со своето реноме и да ризикуваат да паднат на 17-тата позиција на табелата, првата која носи опстанок во лигата. На последните пет меѓусебни дуели, Манчестер јунајтед има четири победи над Вулверхемптон, додека само еден меч завршил во корист на „волците“.

Предлог тип: 1 (2.50)

 

1309 Реал Мадрид – Атлетик Билбао (21:00)

После мегапресвртот на Барселона против Селта Виго, Реал Мадрид нема право на кикс и ќе мора да победи против Атлетик Билбао на „Сантијаго Бернабе“. Актуелниот шампион на Шпанија има заостанување од седум бода, па со евентуална победа ќе се обиде да се врати на минус четири позади единствениот конкурент за титулата.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.97)

 

3006 Милан – Аталанта (20:45)

Се чини дека Милан е далеку од пласман во Лигата на шампионите, но „црвено-црните“ ќе се обидат да ја спасат сезоната со пласман во фудбалска Европа, во второто или третото по ранг натпреварување. Сепак, на спротивната страна, Аталанта и тоа како има шанси за излез во елитното натпреварување, па очекувањата се дека вечерва на „Сан Сиро“ ќе има ефикасен фудбал, а ќе се тресат и двете мрежи. Последните четири меѓусебни дуели на Милан и Аталанта завршуваа „гол-гол“.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.91)

 

3005 Болоња – Интер (18:00)

Откако Наполи ја совлада Монца со 0-1, сега притисокот е на Интер да победи на тешкото гостување кај Болоња и да ја врати предноста од три поени. Сепак, домашниот состав игра одлично и оваа сезона, а тоа може да се види и од нивниот пласман на петтата позиција со 59 бода, два помалку од четвртото место, кое е целта на Болоња. Последниот меч на овие екипи одигран на „Џузепе Меаца“ заврши нерешено, 2-2.

Предлог тип: Х2 & 2+ (1.85)

- Оглас -

Најнови вести