6.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Ливерпул и Сити ќе одиграат голеада, Баерн, Интер и Атлетико ќе победат (Фото)

1119 Ливерпул – Манчестер сити (17:30)

Ливерпул и Манчестер сити се далеку од шампионските денови, но кога играат овие две екипи очекувањата се јасни – голови и во двете мрежи. На последните натпревари и двете екипи одиграа „гол-гол“, Ливерпул против Њукасл (4-1), додека Манчестер сити победи против истиот противник со 3-1.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.80)

 

1309 Валенсија – Реал Мадрид (21:00)

Реал Мадрид има тешко гостување кај Валенсија, а притисокот на „кралевите“ е уште поголем по вчерашниот триумф на Барселона над Мајорка. „Местаља“ традиционално е тешко гостување, но не и неосвоиво. Сепак, македонската јавност ќе навива за Столе Димитриевски, но Реал Мадрид е фаворит на овој меч.

Предлог тип: Х2&1-3I1-3II (2.15)

 

1308 Атлетико Мадрид – Бетис (18:30)

Атлетико Мадрид по триумфот над Бетис од 0-5 во Купот на Шпанија, сега на домашен терен ќе ги пречека во меч од Ла Лига. „Јорганџиите“ имаат три победи по ред над денешниот противник со фантастична гол-разлика од 11-1. Избраниците на Чоло Симеоне се фаворити и се очекува уште од првиот свиреж на судијата да тргнат офанзивно.

Предлог тип: 1 & 0-29min (2.13)

 

3006 Сасуоло – Интер (18:00)

Интер има пет бода предност пред градскиот ривал, Милан, на врвот од Серија А, а вечерва ќе гостува кај Сасуоло во обид да дојде до нови бодови. Интер е во серија од четири меча на кои победуваше во домашното првенство, а низата без пораз трае веќе 11 натпревари, а се очекува да продолжи и против Сасуоло.

Предлог тип: 2 & 1+ пол. (1.85)

 

1809 Баерн Минхен – Хофенхајм (17:30)

Баерн Минхен има два кикса по ред во Бундеслигата, па мечот против Хофенхајм е од клучно значење за избраниците на Винсан Компани. Борусија Дортмунд се доближи на само три бода од „баварците“, но Баерн вечерва има противник против кого победуваа трипати по ред со гол-разлика од 13 дадени и само еден примен гол.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.99)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести