19.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Ливерпул и Сити ремизираа, Арсенал е новиот лидер во Премиер лигата (Видео)

Долгоочекуваното дерби за титулата во Премиер лигата помеѓу Ливерпул и Манчестер сити, не само што не даде никаков одговор за трофејот, туку и дополнително за закомпликува табелата. Натпреварот на „Енфилд роуд“ заврши без победник, 1-1, а најмногу насмевки вечерва има во Лондон, бидејќи токму Арсенал е нов лидер на Премиер лигата.

„Топчиите“ и Ливерпул сега имаат по 64 бода, додека Манчестер сити само бод помалку, па до крајот на Премиер лигата нѐ очекува вистинска драма.

Што се однесува до натпреварот, Манчестер сити поведе преку Стоунс во 23-тата минута, додека конечните 1-1 ги постави Мекалистер од пенал во 50-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести