Ливерпул и со играч помалку успеа да го победи Њукасл, Нуњес е херојот на Црвените (Видео)

Фудбалерите на Ливерпул направија вистински подвиг победувајќи го Њукасл со 2:1 во дерби од третото коло од Премиер лигата иако повеќе од 60-тина минути играа со играч помалку.

Херој на Црвените е Дарвин Нуњес кој го постигна двата гола за Ливерпул. Нуњес прво во 81-та минута го израмни резултатот, а во третата минута од судиското продолжение уште еднаш го совлада Ник Поуп за триумф. Победата на Ливерпул добива на тежина бидејќи од 28-та минута, Црвените играа со играч помалку по исклучувањето на Вирџил ван Дајк.

Њукасл поведе со голот на Ентони Гордон по катастрофалната грешка на Трент Александер-Арнолд кој ја промаши топката и на играчот на Њукасл му овозможи од контранапад да го совлада Алисон.

 

- Оглас -

Најнови вести