Ливерпул и Тотенхем ќе ја почитуваат традицијата

Клупскиот фудбал се враќа на сцена, бодовите во финишот на сезоната вредат многу, па екипите веќе и немаат право на кикс.

По паузата, повторно со Спорт Манија е нашиот редовен гостин Панче Ќумбев со нови пет предлог-типови од европските шампионати.

Првиот човек на Независниот синдикат на професионални фудбалери очекува ефикасна англиска пресметка на „Енфилд роуд“ , гол-гол на најголемото полско дерби во Краков и победи на Борусија Дортмунд, Интер и Атлетико Мадрид.

 

Борусија Дортмунд – Волфсбург (сабота, 15.30 часот)

Домаќинот е фаворит и очекувам да ја продолжи борбата за титулата со Баерн. Нема друг избор и секој кикс во оваа фаза ќе значи простување од шансите да се освои првото место во Бундеслигата.

Борусија има неколку убедливи победи против Волфсбург во последно време, славеше на двапати со по 5-1 и верувам во ефикасен кец со најмалку три гола.

Предлог тип: 1&3+ (2.03)

 

Алавес – Атлетико Мадрид (сабота, 20.45 часот)   

Атлетико е фаворит и мислам дека ќе победи иако Алавес годинава е одличен и се бори за висок пласман. Гостите имаат долга серија од 7 натпревари на кои немаат пораз од Алавес.

Баските имаат солидна екипа, имаат шанси и за настап во Лигата на шампионите, но очекувам поквалитетниот гостин да слави. Тип 2.

Предлог тип: 2 (1.83)

 

Ливерпул – Тотенхем (недела, 17.30 часот)   

Дербито на колото во Премиер лигата мислам дека ќе донесе најмалку три гола. Двата тима негуваат офанзивен фудбал и верувам дека ќе гледаме ефикасно дерби. И последните три меѓусебни дуели им беа ефикасни, имаше голови на двете страни, па очекувам нов ефикасен меч на две одлични екипи во Англија.

Предлог тип: 3+ (1.71)

 

Висла Краков – Легија Варшава (недела, 18 часот)

Иако Висла е во незавидна финансиска ситуација, ова е сепак најголемото дерби во Полска. Ќе има посебни мотиви и фаворит нема. Секогаш е неизвесно и до крај интересно. Верувам во гол-гол и очекувам полни трибини како и секогаш во Краков.

Предлог тип: ГГ (1.82)

 

Интер – Лацио (недела, 20.30 часот)

Доколку сака да задржи место помеѓу првопласираните четири екипи, Интер мора да победи, иако по традиција, Лацио е секогаш незгоден противник. Сепак мислам дека домаќинот ќе победи во битката за одбрана на третата позиција во Серија А.

На рака на домаќините им одат и четирите победи на последните пет меѓусебни дуели со Лацио во првенството, со едно реми, иако римјаните двапати го елиминираа Интер во купот. Нема да им биде лесно на „нераѕурите“, но единицата е најреален исход.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести