12.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Ливерпул и Тотенхем во трка по потписот на фудбалерот кој сезонава го „запали“ Островот

Крилниот напаѓач на Борнмут и репрезентативец на Гана, Антоин Семенјо, со своите игри оваа сезона го привлече вниманието на големите екипи и се очекува уште зимава да има нов клуб.

Борнмут очекува за неговите услуги да добие 75 милиони фунти, но целта на раководството е да го задржи барем до крајот на сезонава. Сепак, доколку дојде понуда каква што очекуваат, тешко дека ќе може да одолеат.

Екипи кое се заинтересирани за Семенјо, а можат да ја платат оваа сума се Ливерпул и Тотенхем, а токму актуелниот шампион на Англија е во предност, бидејќи желбата на фудбалерот е да игра во европските фудбалски купови, а во дресот на „црвените“ би имал и повисоки амбиции.

- Оглас -

Најнови вести