Ливерпул им се врати на победите пред дуелот со Манчестер сити

Ливерпул со сигурни 3-1 триумфираше во пријателскиот дуел против Лион, што е негова последна контролка пред стартот на новата сезона. Избраниците на Јирген Клоп конечно издвоија победа по неуспешните обиди против Б. Дортмунд, Севилја, Спортинг Лисабон и Наполи, а против францускиот тим покажаа дека се подготвени за дуелот со Манчестер сити во Комјунити шилд.

Иако гостите од Лион ја отворија средбата со погодокот на Депај од белата точка непосредно по стартот, во 17-тата минута израмни Фирмино, а набрзо потоа Андерсен си ја затресе мрежата за водство на Црвените. Конечните 3-1 ги постави младиот Вилсон во 53-тата минута.

Спектаклот Ливерпул и Манчестер сити, кој ќе се игра на „Вембли“, е закажан за 4 август, пет дена прет отворањето на новата сезона во Премиер лигата.

https://www.youtube.com/watch?v=oP9nvLzhw3w

- Оглас -

Најнови вести