Ливерпул победи во мечот на којшто имаше 19 голови и ќе се прераскажува со години !

Ливерпул се пласираше во следното коло од Лига купот на Англија откако славеше во пенал-серијата против Арсенал со 5-4. Епскиот класик на „Енфилд“ на којшто се постигнаа вкупно 10 погодоци за 90 минути при резултат од 5-5, заврши во корист на Црвените, кои се спасуваа буквално во последните секунди од дуелот.

Уште во шестата минута од мечот се затресе мрежата на Арсенал, откако Мустафи сам си ја смести топката во голот за 1-0 во корист на Црвените. Во 19-тата минута израмни Тореира, а потоа младиот Мартинели за 10 минути двапати го совлада противничкиот голман и му донесе на Арсенал удобно водство од 3-1. Милнер намали пред паузата со неговиот погодок од белата точка.

Не се чекаше многу за нов погодок во второто полувреме. Мајтланд-Налјс донесе нова двојна предност за гостите од Лондон во 54-тата минута, па во краток период Ливерпул успеа да се врати преку Окслејд-Чембрлен и Ориги. Голгетерскиот порој продолжи во 70-тата минута преку Вилок, додека Ориги го имаше последниот збор со одличниот волеј во последните мигови од мегапресметката.

Во пенал-рулетот играчите на Ливерпул беа перфектни, погодија Милнер, Лалана, Брустер, Ориги и Џоунс, додека од редовите на Арсенал утна само Себалјос во четвртата серија.

- Оглас -

Најнови вести