Ливерпул има само една победа на 10 гостувања во групна фаза од ЛШ

Актуелниот европски првак Ливерпул вечерва гостува кај Генк во Белгија со надеж дека ќе прекине една лоша серија. Ливерпул има четири порази по ред на гостувања во групната фаза од Лигата на шампиони. Минатата сезона Црвените ги загубија сите три меча надвор од „Енфилд Роуд“ и со многу среќа се пласираа во нокаут фазата, а потоа стигнаа и до трофејот.

И сезонава започна лошо за Ливерпул во групата. Англичаните загубија од Наполи, а вечерва ги чека нов предизвик на гостински терен. Последната победа на гостински терен на Ливерпул во групната фаза е од пред две години против Марибор. Триумфот во Словенија е единствен за Ливерпул во групната фаза на последните 10 меча на гости.

„Минатата сезона имавме среќа. Бевме во многу тешка група, ги загубивме сите три меча на гости. Тоа не смее да си го дозволиме и оваа сезона. Ние не играме ништо поразлично од тоа што играме на „Енфилд роуд“, но секако пред нашите навивачи европските вечери се посебни. Мора да почнеме да победуваме на гости.“, рече тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Ливерпул има дури седум номинирани играчи во трката за „Златната топка“ што само покажува за силината на овој тим на германскиот стратег.

 

- Оглас -

Најнови вести