Ливерпул речиси сигурно ќе се активира во јануарскиот преоден рок за доведување нов напаѓач по повредата на Александер Исак на натпреварот против Тотенхем.
Исак, кој во победата од 2-1 претрпе скршеница на нога, дојде на „Енфилд“ во трансфер вреден околу 150 милиони евра, но слабо го започна својот период во клубот. Додека Мохамед Салах настапува на Африканскиот куп на нациите, менаџерот Арне Слот сака да обезбеди дополнително засилување за да остане меѓу првите четири екипи во Премиер лигата.
Седум потенцијални напаѓачи се на листата на Ливерпул.
Една од главните опции е Иван Тони, поранешен играч на Бренфорд, кој сега е член на Ал-Ахли, но не сака да го изгуби својот неделен приход од 430.000 евра, но во Ливерпул се надеваат дека можеби ќе го убедат.
Втората опција е Гонзало Рамос, кој има мала минутажа во ПСЖ оваа сезона и веројатно би прифатил позајмица или трансфер на „Енфилд“.
Англиските медиуми го споменуваат и Александар Митровиќ, искусен напаѓач, поранешен фудбалер на Фулам, кој постигна 68 гола во 79 натпревари за Ал-Хилал и би можело да дојде на позајмица.
На листата се и Џонатан Дејвид, Карим Бензема, Дени Велбек и Дивок Ориги.
Ливерпул бара играч кој би дошол за шест месеци, како замена додека Исак се врати од повредата.

