Ливерпул во овие моменти гостува кај Њукасл, а во мечот од рамките на 37-то коло Црвените водат со 2-1 по првите 45 минути. Погодоците за предност на Ливерпул ги постигнаа Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах, а и двајцата ја тресеа мрежата на Дубравка благодарение на прецизните центар-шутеви на Трент Александер-Арнолд.
Десниот бек на Ливерпул со новите две асистенции дојде до бројката од 11 наместени голови во Премиер лигата за оваа сезона. Трент заедно со колегата Енди Робертсон бројат вкупно 22 асиснтеции сезонава, делат по 11, па така испишаа нови страници во историјата на англискиот фудбал.
Ниту еден клуб во минатото не поседувал двајца дефанзивци со толкав број на асистенции, Ливерпул е прв тим кој може да се пофали со овој факт.
2 – Liverpool are the first team in Premier League history to have at least two defenders provide 10+ assists each in a single campaign (Trent Alexander-Arnold 11 & Andy Robertson 11). Outlets. #NEWLIV pic.twitter.com/2NaayZJAen
— OptaJoe (@OptaJoe) May 4, 2019
Инаку, Александер-Арнолд многу лесно можеше да биде исклучен од натпреварот. При погодокот на Њукасл за 1-1, дефанзивецот на гостите попречи славје на Рондон откако го постави лакотот пред топката и спаси чист гол, но Атсу ја собра одбиената топка и израмни за тимот на Рафа Бенитез.
Ситуацијата од 20-тата минута од мечот можете да ја видите на следниот ЛИНК.