Ливерпул, Интер, Баерн и Барса повеќекратно ќе ги тресат мрежите

Ливерпул – Њукасл (Фудбал, Премиерлига, 16.00 часот)

Европскиот првак е голем фаворит, во првите четири кола даде 12 гола, на „чавките“ црно им се пишува и одбраната ќе им биде на голема мака. Но, Њукасл пред две кола одигра нерешено на гости кај Тотенхем и не е за потценување. Во минатата сезона, „црвените“ го победуваа Њукасл со 4-0 и 3-2, па веројатно и овојпат треба да се очекува голеада во мрежата на гостите.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Т1 1+I & T1 3+ (2.10)

 

Лајпциг РБ – Баерн Минхен (Фудбал, Бундеслига, 18.30 часот)

Ако има победник на овој меч, тој тим што ќе освои три бода ќе биде лидер после четвртото коло во германската лига. „Црвените бикови“ тргнаа со три победи и максимални 9 бода, но ова им е вистинскиот тест. Сепак Баерн си е Баерн, и ако биде во потребниот елемент, никој во Германија не може да го запре. Веруваме во ефикасен меч со голови на двете страни.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Т2 2+ & ГГ (2.15)

 

Интер – Удинезе (Фудбал, Серија А, 20.45 часот)

Илија Несторовски и другарите по вторпат сезонава се соочуваат со гигант од Милано, Милан го победија дома, а сега гостуваат кај опасниот Интер. Екипата на тренерот Конте тргна со две победи во кои даде шест гола, и треба да се види како игра Удинезе на гостувањата. Лукаку и Лаутаро може да ја продолжат убавата низа. Удинезе нема дадено гол на последните три дуели со Интер.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1-1 & Н1 (2.75)

 

Барселона – Валенсија (Фудбал, Ла Лига, 21.00 часот)

Ова е дерби на денот во Шпанија, незгодните „лилјаци“ гостуваат на „Камп Ноу“ кај ослабената Барса која и натаму не може да смета на Меси и најверојатно Суарес. Двата тима не тргнаа како што посакуваа, имаат по една победа, реми и пораз во првите три кола. Во минатата сезона, Барселона и Валенсија двапати одиграа нерешено.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.00)

 

Газијантеп – Бешикташ (Фудбал, турска лига, 19.00 часот)

Бешикташ има само четири бода во првите три кола и мора да победи ако сака да го задржи чекорот со водечките. Нов кикс би значел голем проблем за тимот од Истанбул. Газијантеп прими петарда од Фенербахче на стартот, но потоа освои четири бода во две кола. Газијантеп е нов прволигаш, последните соочувања со Бешикташ му беа во 2010 и 2011 во Купот на Турција, кога по еднаш победи и загуби дома против фаворитот.

Предлог тип: 2 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести