Новото 24-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи натпревари од петте најсилни европски лиги и прогнозерите само по 24 часа можност за прогнозирање, веќе имаат свои фаворити за 13-те меча.
Најинтересен натпревар за типување е дуелот од четвртфиналето на англискиот ФА куп меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. Овие два тима сезонава веќе еднаш играа меѓу себе, и тоа на „Енфилд“ и мечот заврши без голови. Тој резултат претставуваше голема промена од минатата сезона, кога Ливерпул пред своите гледачи славеше со неверојатни 7:0.
Но, навивачите на Јунајтед одлично го паметат последниот дуел кој се играше на „Олд Трафорд“ бидејќи заврши со победа на нивните миленици од 2:1.
Само по 24 часа можност да се типува, засега прогнозерите многу поголема доверба имаат за Ливерпул (63,97 отсто), додека во победа на Манчестер јунајтед веруваат само 15,63 отсто.
В недела ќе се игра и големото дерби во Ла Лига меѓу Атлетико Мадрид и Барселона, но тука ситуацијата е поинаква. Прогнозерите за овој меч се поделени, 42,65 отсто сметаат дека Атлетико ќе победи, 22.61 отсто ѝ веруваат на Барселона, а 34,74 отсто дека дуелот ќе заврши нерешено.
Само по 24 часа можност да се прогнозира, веќе се наѕираат и фаворитите и на останатите мечеви. Голем е процентот на победа на Унион Берлин над Вердер (79,23 отсто), на Нант над Стразбур (69,48 отсто), на Виљареал над Валенсија (65,63 отсто), на Клермон над Ле Авр (61,21 отсто).
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 15.00 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка, ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.