Ливерпул ја одби првата понуда од Баерн за Мане, била потценувачка

Баерн Минхен на Ливерпул за Садио Мане му понудил 25 милиони евра, плус бонус од 5 милиони за евентуално освоена Лига на шампиони. Црвените од „Енфилд“ без размислување ја одбиле понудата.

Мане има договор со Ливерпул до 2023, но најавува дека сака да си оди уште ова лето. Клубот би го продал 30-годишниот Сенегалец, но не по секоја цена, туку само ако добијат задоволителна понуда.

Баварците сакаат да го купат Мане, а потоа веројатно да го продадат Серж Гнабри на кого договорот му истекува следното лето, и не сакаат да го загубат бесплатно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести