Екипата на Ливерпул со објава на официјалната страна потврди дека четворица фудбалери ова лето си заминуваат од „Енфилд роуд“. Станува збор за Роберто Фирмињо, Наби Кејта, Џејмс Милнер и Алекс Окслејд-Чемберлен.
Милнер и Фирмињо во Ливерпул пристигнаа во 2015 година. Англичанецот оттогаш одигра 330 натпревари за Црвените, додека Бразилецот настапи на 360 средби.
Чембрлен на „Енфилд“ пристигна во 2017 и одигра 146 натпревари, од кои повеќе од половина ги започна како резерва.
Интернационалецот од Гвинеја, Кејта, пристигна во 2019 и за Ливерпул одигра 129 натпревари.
Сите четворица беа дел од сите успеси на Ливерпул во овој период.