Ливерпул ја продава вилата во која живееше Клоп, цената е околу пет милиони евра (Фото)

Раководството на Ливерпул одлучи да ја продаде вилата во која претходно живешее Јирген Клоп со неговата сопруга, а таа куќа ја користеа и претходните тренери изминатите 20 години.

Вилата му беше понудена и на Арне Слот, но откако ја разгледале со сопругата, одлучиле да живеат на друго место, па Црвените сега сакаат да ја продадат вилата за да ги намалат трошоците. Вредноста е околу пет милиони евра и сигурно дека ќе биде интересна за многумина кои сакаат да живеат на исто место како и менаџерите на Ливерпул.

Оваа вила од раководството на Ливерпул беше сметана за идеално место за живеење за функција како што е тренер на клубот од „Енфилд“, но холандскиот стратег и неговата сопруга не мислеа така, па така „врската“ помеѓу Ливерпул и оваа вила ќе заврши по 20 години.

- Оглас -

Најнови вести