Најдобриот фудбалер на Ливерпул веќе неколку сезони по ред е репрезентативецот на Египет, Мохамед Салах. Сепак, се чини дека тој ја игра својата последна сезона на „Енфилд роуд“, па Црвените веќе се во потрага по неговиот наследник.
Per @BILD, Liverpool has entered the poker game for Karim Adeyemi, they want him as the successor for Mo Salah, and would be willing to pay €50m
When asked about a possible move by BILD, Karim said: "I feel great here in Dortmund. I was already a big fan as a little boy" pic.twitter.com/Rs1G0HeQyy
— BVB Central (@TheBVBCentral) October 2, 2024
Изборот на раководството на Ливерпул падна на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, кој во вторникот постигна хет-трик во мечот од Лигата на шампионите против Селтик, па веројатно и тоа беше една од причините да се најде на радарот на Ливерпул. Според шпекулациите, раководството на Ливерпул е подготвено да плати 50 милиони евра за неговиот потпис.