Ливерпул ја сврте „два во еден“, но е далеку од сигурен дека ќе игра во финалето

Ливерпул со 2:1 го победи Фулам во првиот меч од полуфиналето на англискиот Лига куп. Интересен беше дуелот на „Енфилд роуд“ на кој гостите може да жалат што не си заминаа непоразени.

Вилијан погоди за водство на гостите од Лондон во 19 минута, што беше резултат и по првите 45 минути. Во вториот дел Ливерпул со сите сили тргна да направи пресврт и успеа и тоа во само неколку минути.

Во 68 минута Џонс погоди за 1:1, а три минути подоцна Гакпо донесе нова радост за домашните фанови на „Енфилд роуд“ и водство на Ливерпул од 2:1. На крајот се покажа дека тоа е конечен резултат, резултат што најавува интересен и неизвесен реванш на реваншот на „Кревин кориџ“.

- Оглас -

Најнови вести