Митјиланд ќе му биде домаќин на Ливерпул во Дортмунд!

Мечот од шестото коло во групната фаза од Лигата на шампионите меѓу Митјиланд и Ливерпул ќе се игра во Дортмунд. Од таборот на данскиот претставник во Лигата на шампиомите потврдиле дека ќе биде домаќин на „Сигнал Идуна Парк“.

Данците одлучија да му излезат во пресрет на поранешниот европски шампион, бидејќи според моментните здравствени протоколи, за сите оние кои доаѓаат од Велика Британија ќе мора да поминат период од 14 дена во карантин, а потоа да добијат дозвола за влез. Поради тоа, од Ливерпул се согласија да бидат гости на неутрален терен и тоа во германскиот град Дортмунд на стадионот на Борусија.

Од УЕФА уште ја немаат потврдено оваа одлука. Во првиот меч од групната фаза, Ливерпул славеше како домаќин и го победи Митјиланд со 2:0. За сигурен палсман на англискиот гигант во нокаут фазата, доволно е да освои една победа во последните две кола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести