Ливерпул ќе биде шампион, и тоа рекордно со 101 бод!

Како што течеше сезоната во Премиер лигата, делуваше дека нема сила што може да го сопре Ливерпул да се израдува на титулата уште во март. По 29 одиграни меча, Ливерпул имаше 27 победи и дури 25 бода повеќе од второпласираниот Манчестер сити. Сепак, ниту во март, а ниту во април Ливерпул нема да се радува на титулата.

Пандемијата со Коронавирусот сепак успеа да го сопре Ливерпул во походот кон титулата. Поради опасниот вирус, мечевите во Премиер лигата сигурно нема да се играат најмалку уште еден и пол месец. Сепак, потоа се очекува да продолжат возбудувањата во англиското првенство, а според направената проекција на „Опта“, која е лидер за фудбалската статистика во светот, Ливерпул на убедлив начин ќе биде првак.

Проекцијата на „Опта“ вели дека Ливерпул не само што ќе ја освои титулата туку тоа ќе го направи и на рекорден начин, односно со 101 освоен бод. Според прогнозите, Манчестер сити ќе биде втор со 80 бодови, а потоа ќе следуваат Лестер со 67 бодови и Челзи со 63 бодови.

Според оваа прогноза, Манчестер јунајтед ќе извиси од трката за место во Топ 4. Црвените ѓаволи ќе завршат на петтото место со 61 бод, а потоа ќе следуваат Тотенхем со 58 бодови, Вулверхемптон со 56, Арсенал 56 и Шефилд јунајтед со 55.

На табелата потоа ќе следуваат:

Евертон 50,

Барнли 49,

Кристал Палас 49,

Њукасл 46,

Саутемптон 44,

Вест хем 39,

Брајтон 37,

Вотфорд 36,

Ќе испаднат: Борнмут со 36 бодови, Астон вила со 32 и Норвич со 29 бодови.

Останува да чекаме да продолжат возбудувањата во Премиер лигата и да видиме каков ќе биде конечниот расплет.

- Оглас -

Најнови вести