Ливерпул ќе го надомести тоа што го загуби во Неапол

Генк – Наполи (фудбал, Лига на шампиони, 18.55 часот)

По одличното отворање на сезоната, сега Наполи и Елмас имаат важно гостување на кое немаат право на кикс ако сакаат да ја потврдат победата против Ливерпул. Веруваме дека тимот на Анчелоти нема да потфрли и ќе го совлада белгискиот тим, кој ќе сака да се извади за дебаклот на стартот кога прими 6 гола. Искуството е на страна на гостите, а Наполи во последно време игра добро на гостински терен.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 2 & 0-29 мин. (2.55)

 

Барселона – Интер (фудбал, Лига на шампиони, 21.00 часот)

Барселона на свој терен сезонава реди само победи, а откако и Барса и Интер одиграа нерешено во првото коло, овој меч е значаен за двете екипи. Интер гази во Серија А, за разлика од Каталонците кои не тргнаа како што посакуваа во шпанската лига. Во минатата сезона, на „Камп ноу“, Барселона го победи Интер со 2-0. Меси би требало да игра, но тој лани не даде гол против Интер. Интер четири пати гостувал кај Барселона и секогаш губел без да даде гол, но можеби сега Алексис Санчес ќе погоди против неговиот екс клуб.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): Т1 2+ & ГГ (2.45)

 

Ливерпул – Салцбург (фудбал, Лига на шампиони, 21.00 часот)

Црвените се перфектни во Премиер лигата, цврсто го држат врвот со максимален број бодови, но лошо тргнаа во одбрана на титулата во ЛШ и загубија од Наполи. Од друга страна, Салцбург го растури Генк, па полн со самодоверба оди на „Енфилд“. Сепак, домашните се големи фаворити и типуваме дека ќе ги надиграат Црвените бикови, и тоа со повеќе од еден гол разлика.

Предлог тип (квота на ден на Sport Life): 1-1 & Н1 (2.40)

 

Валенсија – Ајакс (фудбал, Лига на шампиони, 21.00 часот)

Двата тима победија во првото коло и сакаат да продолжат во победнички ритам. Ајакс нема пораз од мајското полуфинале против Тотенхем и сигурно нема да биде лесен залак за Лилјаците, кои по триумфот над Челзи, ќе се обидат да направат уште еден чекор кон осминафиналето. Валенсија не игра добро во шпанската лига, па незгодниот Ајакс не е без шанси и може да освои барем бод на „Месталја“. Овие тимови меѓу себе играле двапати и двата меча завршиле со 1-1.

Предлог тип: Х (3.40)

 

Зенит – Бенфика (фудбал, Лига на шампиони, 21.00 часот)

Португалците имаат прилично долга листа на повредени фудбалери и тоа заедно со долгото патување од крајниот запад на Европа до северот на Русија, како и температурната и часовната разлика се нивните проблеми. Бенфика киксираше на стартот и загуби од Лајпциг, а Зенит ремизираше со Лион, но викендов загуби од Локомотив во руската лига, па малку се психолошки разнишани. Зенит и Бенфика никогаш не одиграле нерешено во Санкт Петербург.

Предлог тип: 2-3 гола (2.00)

- Оглас -

Најнови вести