21.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ливерпул ќе го „наполни“ ВБА, Тотенхем тешко ќе помине кај Волците

1008 Вест хем – Брајтон (15:15ч)

Чеканите се во добра позиција лесно да го пребродат поразот од Челзи и по два меча да им се вратат на домашните победи. Фактот што Брајтон има само еден триумф во последните 10 кола во Премиер лигата, е шанса која Вест хем мора да ја искористи и да им се приближи на екипите во горниот дел од табелата.

Во четири од последните пет меѓусебни дуели, Вест хем и Брајтон играат „гол-гол“, но тимот на Дејвид Мојс нема остварено триумф против Галебите уште од 2012 година во рамки од Чемпионшип лигата.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.35)

 

1009 Ливерпул – ВБА (17:30ч)

Речиси да не постои сценарио во кое ВБА може да приреди шок на „Енфилд“, ако се знае дека Ливерпул и покрај проблемите со повредите гази сè по ред и е непоразен во 66 последователни лигашки натпревари на домашен терен.

Се очекува доминантно издание на актуелниот англиски шампион и победа во голем стил со оглед на тоа дека тимот на Клоп е најефикасен во шампионатот со 36 погодоци по 14 меча, додека дома има учинок од 21-7 и перфектна серија од седум победи.

Последните две меѓусебни средби во рамки од Премиер лигата завршија нерешено, поради тоа Ливерпул денес ќе наплати двојно.

Предлог тип: 1 & 4+ (2.02)

 

1010 Вулверхемптон – Тотенхем (20:15ч)

Тотенхем не е во сјајна форма и освои само еден бод во последните три кола, што за составот на Мурињо значење пад на табелата од второто до осмото место. Петлите немаат славено уште од победата над Арсенал во градското дерби кое се играше на 6 декември, а ниту три недели подоцна не може лесно да се предвиди резултат во корист на Тотенхем.

За нивна среќа, ниту Вулверхемптон не е во добра форма и бележи три порази од последните пет кола. Воедно Еспирито-Санто не може да смета на својот најдобар играч, Раул Хименес, кој уште закрепнува од повредата на главата.

Едно е сигурно, двете екипи ќе приредат возбудлив и ефикасен меч бидејќи така беше во сите четири дуели претходно откако Волците се вратија во Премиер лигата. Тотенхем во нив славеше двапати, а без грешка меѓусебните средби завршуваат со три или повеќе погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.55)

 

3019 Бреша – Емполи (18ч)

Додека Емполи се бори за врвот во Серија Б, Бреша се обидува да одржи позитивна гол-разлика и засега успева со серијата од пет меча без пораз во првенството. Емполи е во нешто подобра форма иако ремизираше во последните две кола, меѓутоа да се освојат трите бода вечерва ќе биде тешка мисија за гостите.

Емполи пред околу еден месец ја доби куп-пресметката против Бреша со убедливи 3-0, а во лигашки рамки ќе се сретнат по пауза од две години. Треба да се земе во предвид дека Емполи славеше во последните две гостувања на „Марио Ригамонти“ стадионот, па затоа евентуална „двојка“ нема да биде изненадување.

Предлог тип: X2 & 2-5 (2.10)

 

1662 Андерлехт – Биршот (18:15ч)

Целта на Андерлехт е да се реваншира за поразот од Биршот претрпен пред нешти повеќе од еден месец. Биршот со конечните 2-1 првпат запиша лигашка победа против белгискиот гигант кој во последно време доста се мачи.

Андерлехт никако да воспостави добра серија на резултати, но евентуален триумф вечерва може да ја врати екипата меѓу топ 3 местата на табелата во белгискиот шампионат. Андерлехт уште нема претрпено пораз на домашен терен, додека Биршот се меѓу најслабите гостински екипи.

Предлог тип: X-1 (5.10)

- Оглас -

Најнови вести