Федерико Кјеза се до повредата важеше за еден од најдобрите офанзивци во Европа. После неговото враќање на фудбалските терени, се очекуваше дека ќе добие поголема минутажа од новиот тренер на Јувентус, Тијаго Мота, но изненадувачки следуваше продажба во Ливерпул за 12 милиони.
Сепак, на Островот не успеа да се прилагоди и во дресот на „црвените“ забележа само четири настапи и на теренот мина само 123 минути. Кјеза не можеше да се прилагоди и на тренинзите и големите физички напори кои ги бара играњето во Премиер лигата, па тренираше под посебен режим, но и тоа не беше успешно.
Сега раководството на Ливерпул е подготвено да го ослободи, а интерес за неговите услуги има од Наполи, Интер и Фиорентина, па сосема извесно е дека Италијанецот ќе се врати во Серија А.