Актуелниот шампион на Англија, Ливерпул, кој не се претставува на доволно високо ниво од почетокот на сезоната, донесе важно решение. Тренерот за статични ситуации кај Црвените, Арон Бригс, ќе го напушти клубот, објави британскиот „Тајмс“.
Ова се случува поради тоа што Ливерпул се покажува исклучително слабо во ситуации кои произлегуваат од корнер или директен слободен удар. Црвените примија 12 гола од статични позиции од почетокот на сезоната, што ги става на дното на табелата во Премиер лигата според оваа статистичка категорија.
Ливерпул донесува важно решение бидејќи статичните позиции се многу важен дел од современиот фудбал. Арсенал, кој е лидер на табелата, е пример токму за спротивното, како преку овие ситуации можат да решаваат важни натпревари.
Сè уште не е јасно дали ќе има некој кој ќе го замени Бригс или одговорноста за овие ситуации ќе биде распределена меѓу останатите членови на тренерскиот тим.

