Англискиот шампион Ливерпул го официјализира трансферот на Жереми Фримпонг, а според најавите, следниот потпис ќе го стави Флоријан Вирц. Зделката е речиси комплетирана и се очекува да биде објавена во текот на денешниот ден. Покрај нив, уште едно засилување, левиот бек Милош Керкез од Борнмут, кој исто така веќе потпишал со Црвените.
Но, тоа нема да биде сѐ околу реновирањето на одбраната. Како можна замена за Куанса, Ливерпул го разгледува името на Марк Гуехи од Кристал палас, за кого и претходно имаше интерес, но без конкретен потег. Сега Арне Слот е подготвен да го доведе на „Енфилд“.
Од друга страна, заминувањата веќе започнаа. Ирскиот голман Кевен Келехер се збогува со клубот, а иднината на младиот дефанзивец Џарел Куанса сè уште е неизвесна. Тој е поврзуван со трансфер во Баер Леверкузен, а наводно идејата да се пресели во клуб каде што ќе има поголема минутажа му е привлечна.