Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, сака дополнително да ја засили конкуренцијата во средниот ред и изборот падна на играчот на Кристал палас, Шеик Дукуре.
По заминувањето на Џордан Хендерсон, Фабињо и Џејмс Милнер, Клоп на „Енфилд“ ги донесе Алексис Мекалистер од Брајтон и Ватару Ендо од Штутгарт, но смета дека му треба барем уште еден играч од средниот ред.
BREAKING: Liverpool have reportedly sent a contract offer to Cheick Doucoure. Details here.https://t.co/QuNxCETwsg
— DaveOCKOP (@DaveOCKOP) August 29, 2023
Дукуре минатата сезона одигра фантастично во дресот на Кристал палас, а според медиумите, Ливерпул веќе испратил официјална понуда до тимот од Лондон.
Наводно, фудбалерот веќе ги договорил личните услови со Ливерпул, па сега останува двата тима да се договорат за трансферот.