Раководството на англискиот премиерлигаш Ливерпул планира да потроши значителна сума за една од своите трансферни цели. Се работи за голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш.
Црвените сакаат да го добијат овој напаѓач во својот состав уште во јануари, а во Англија се шпекулира дека клубот од „Енфилд“ е подготвен да понуди 60 милиони фунти за египетскиот репрезентативец.
Многумина го толкуваат овој потег на Ливерпул како обид да се најде замена за Мохамед Салах, чиј договор истекува на крајот на сезоната, а во моментов нема индикации дека ќе биде обновен.
Мармуш има импресивна сезона во Бундеслигата, постигнувајќи 13 гола во 15 натпревари од почетокот на шампионатот.
Египќанецот може да игра и како централен напаѓач, како и на десната страна во нападот, што би била одлична опција за менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.